Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите се прегрупираат, а Украинците тврдат дека ја пробиле руската одбранбена линија на југ

Русите се прегрупираат, а Украинците тврдат дека ја пробиле руската одбранбена линија на југ

Украина ја проби руската одбранбена линија на јужниот фронт.

Украинските сили се убедени дека ја пробиле најтешката линија на руската одбрана на југот на земјата и сега ќе можат побрзо да напредуваат, изјави еден од украинските команданти, пренесуваат британските медиуми.

Украинските сили пред три дена соопштија дека го кренале  државното знаме во селото Роботин, во јужниот регион Запорожје, на околу 10 километри јужно од градот Орихива, на линијата на фронтот.

 „Следно го имаме (градот) Бердјанск, а потоа уште повеќе. Јас веднаш им ставив до знаење на моите борци: нашата цел не е Роботин, нашата цел е Азовското Море“, изјави командантот „Комбат“.

Роботин е на околу 100 километри од Бердјанск, пристаниште на брегот на Азовското Море и 85 километри од стратешкиот град Мелитопол.

И двата града се окупирани од руските сили по сеопфатната руска инвазија врз Украина, на 24 февруари минатата година. Москва не потврди дека Украина напреднала во Роботин.

Американски официјален претставник минатата недела изјави дека се чини дека украинските сили нема да можат да стигнат до Мелитопол во нивната контраофанзива, со намера да ги одвојат руските сили на југ.

Украина тврди дека руските воени сили се прегрупираат и ги засилуваат офанзивните напади. Москва објави дека спречила украински беспилотни летала да извршат напади врз руска територија од кои најмнигу врз Крим

„Руските сили се прегрупираат и испраќаат засилувања во подготовка за продолжување на нивната офанзива на истокот на Украина“, изјави на 25 август генералот Олександр Сирскиј, командант на копнените сили на Украина.

Украина не сака да прави компромис со територии. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести