Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите се „попалија“ - Владата забрани светски порно сајтови

Русите се „попалија“ - Владата забрани светски порно сајтови

Руската агенција за надзор на интернет комуникациите го блокираше пристапот до светски познатите порно сајтови Pornhub и YouPorn под изговор дека објавувале клипови со малолетници и сакаат да го заштитат јавниот морал. 

Ова е втор пат по ред Роском да издава забрана за странски порно сајтови, а сега чека и конечна судска одлука дали блокирањето ќе биде постојано со оглед на принципот на слободен пристап до интернет.

Одлуката секако не им се допадна на голем број на интернет корисници кои објавија фантастични реакции на Твитер страната на Роском, но добија уште подобро одговори од типот најдете си некоја личност за „дружење“ во живо наместо да висите пред компјутер што дополнително ги „попали“ Русите. 

Pornhub им вети на челниците на Роском дека ќе им креира премиум корисничка смета со пристап до ексклузивни еротски содржини доколку ја тргнат забраната, но веднаш добија негативен одговор.

Слично

Поврзани вести