РУСИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Зазеле село во источна Украина
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Кирово во Доњецк.
Во соопштението се наведува дека единиците на воената група „Центар“ ја презеле контролата врз селото и продолжуваат да напредуваат во длабочината на одбраната на украинските војници.
Украина утрово го нападна Белгород, каде има неколку жртви, но и над 30 повредени. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
Слично
