Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Издале 3.5 милиони пасоши во окупираните територии

РУСИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Издале 3.5 милиони пасоши во окупираните територии

Жителите на окупираните украински територии добија руски пасоши. 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија „речиси завршила“ со издавањето руски пасоши за жителите во источна и јужна Украина, потег чија цел е зајакнување на руската контрола врз териториите за кои тврди дека ги припоила, објавија дел од медиумите. Откако ја почна офанзивата против Украина во 2022 година, Русија врши притисок врз жителите на териториите што ги контролира да земат руско државјанство.

Рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев изјави дека се издадени вкупно 3,5 милиони пасоши. Русија во септември 2022 година побара анексија на овие четири региони во источна и јужна Украина, иако не ги контролира целосно. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. Украинската делегација пак планира да патува во САД и се бара решение за крај на војната. 

Слично

Поврзани вести