Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите се обидуваат да ја заземат Чернобил, тврди Зеленски

Русите се обидуваат да ја заземат Чернобил, тврди Зеленски

Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат нукеларната централа Чернобил која е затворена. 

Украинскиот претседател, Влодомир Зеленски на Твитер објави дека ова е објава на војна на цела Европа. 

„Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ ‘Чорнобил’. Нашите бранители даваат се од себе за да не се повтори трагедијата од 1986 година. За ова го известив шведскиот премиер. Ова е објава на војна против цела Европа“, напиша Зеленски на Твитер.

Русија утрово ја нападна Украина, а тамошните власти соопштина дека загинале и три деца. 

Слично

Поврзани вести