Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите се фалат: Нашите хакери можат да хакнат и аналогни часовници

Русите се фалат: Нашите хакери можат да хакнат и аналогни часовници

Во последните една-две години САД настрадаа од неколку високопрофилни хакерски напади, меѓу кои пробивот против Агенцијата за управување со персонал, Даночните служби, Белата куќа, мрежата на Демократската партија и на изборниот штаб на Хилари Клинтон. Откако молчеа одреден период, Белата куќа официјално излезе со обвинение дека зад нападот стои Москва и сајбер војниците на Кремљ. Иако неофицијално, претставниците на Вашингтон повторно ги обвинија за сето горенаведено таинствените сајбер шпиони додека специјалисти не запираа да повторуваат дека во доменот на сајбер безбедноста, прашањето за припишувањето на одговорност е деликатна тема. 

Пред некое време познатиот криптограф и интернет активист Брус Шнајер ги спореди на пример сајбер нападите со оние во реалниот простор. Тој потсети дека ако напад преку тенкови и ракети може несомнено да се припише на одредена земја, тогаш во сферата на интернет нападите, нема ништо сигурно и тоа е диктирано од карактеристиките на онлајн просторот каде граници нема, а „false-flag“ нападите - при кои една страна која напаѓа може да ги подготви своите постапки на начин друга страна да биде набедена, не се невозможни.

Доста љубопитно звучеа сепак, неодамнешните тврдењата на Yahoo дека нападот направен во 2014 година, благодарение на кој половина милијарда податоци на корисници на компанијата истекоа во Интернет, била дело на Кремљ. Ова нивно тврдење беше подложено на сомнеж и критика од страна на експерти, а истрагата на Infoarmor покажа дека станува збор за обични криминалци. Сепак така Yahoo може да избегне обвинение за својот невешт однос кон заштитата на податоците на корисниците - хакери на државна служба си се друга работа - со нив не може да се бориш.

Од Кремљ ги негираа тврдењата дека спроведуваат напади кон САД и дека одредена цел се изборите за претседател на земјата во ноември. Дејли телеграф пренесе неодамна дека на владините чиновници во Велика Британија им било наложено да не носат на работа паметни часовници на Apple, бидејќи руски хакери може да ги пробијат. Од руска страна одговорија соодветно. 

- Ама какви часовници на Apple. Чудно е дека Дејли Телеграф не знаат дека руските хакери се најдобри во пробивање на „Breguet“, коментира портпаролот на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација Марија Захарова во својот профил на Facebook. 

Инаку „Breguet“ се марка класични швајцарски часовници, особено популарни меѓу руските политичари.


Слично

Поврзани вести