РУСИТЕ САКААТ ДА ГИ ВРАТАТ ИЗГУБЕНИТЕ ПОЗИЦИИ ВО БАХМУТ: Сирски објасни каква е состојбата на фронтот
Украина потврди дека Русите напаѓаат во Бахмут.
Руските сили ги интензивираа напорите во секторот Бахмут да ги вратат загубените позиции. Ова го потврди командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Олександр Сирскиј во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Насоката Бахмут. Русите станаа поактивни, се обидуваат да ги вратат претходно изгубените позиции“, напиша Сирски.
Тој вели дека одбранбените сили дејствуваат професионално и одбиваат непријателски напади. Укринформ објави дека изминатиот ден на фронтот се случиле 80 борбени судири.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, денеска на Телеграм го објави одговорот на предлогот на поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, Украина да се приклучи на Алијансата без нејзините територии кои моментално се окупирани од Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека Украина не може да ја победи Русија.Украина за една година оштети осум руски бродови. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари, а според најавите од руска страна, можно е војната да трае до 2025 година.
Фото: Укринформ