РУСИТЕ РЕГИСТРИРААТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНА: Oд 15 август кај нив ќе се прима бесплатно
Русите први во светoт регистрираа вакцина против коронавирусот и од 15 август таа е бесплатна за Русите.
Експертите треба да дадат согласност за издавање на официјална регистрација и дозвола за широко распространета употреба на вакцината.
Вакцината ја направија во Институтот „Николај Гамалеј“ во Москва, а ќе биде регистрирана до 12 август.
Првите корисници ќе бидат полицајци, војници и наставници. Масовната вакцинација во земјата се очекува да започне за половина година. Лекарите очекуваат дека граѓаните ќе можат да се вакцинираат во здравствените центри во јануари и февруари 2021 година.
Засега не е познато која ќе биде цената на извозот.
Започна и тестирањето на други руски вакцини направени од научници од центарот „Vector“ во Новосибирск, потврди професорката д-р Ана Попова, главен санитарен лекар на Русија.
Бројот на заразени во светот надмина 17.5 милиони.
Во Русија починаа скоро 14.000 луѓе од коронавирусот.
