Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите пукале во закопаните само за забава - Зеленски бара построги санкции

Русите пукале во закопаните само за забава - Зеленски бара построги санкции

По масакрите во Изјум, Украина бара нова санкции за Русија. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да ја осуди руската „терористичка држава“ по откривањето на масовнaта гробница во Изјум. Тој порача дека Русија треба да биде казнета со построги санкции.

„Веќе има јасни докази за тортура, понижувачки однос кон луѓето. Покрај тоа, постојат докази дека руски војници, чии позиции не биле далеку од ова место, пукале во закопаните само за забава“, рече тој.

Официјална Москва досега не се огласи за масовната гробница. Чешка бара специјален суд за овие злосторства. Против Русија досега имаше неколку сетови на санкции поради војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести