Русите пукале во автобуси со цивили и убиле седум луѓе, тврди украинската страна
Украински власти тврдат дека руските сили пукале во автобуси со цивили.
Велат дека седум лица загинале, а 27 се повредени кога руските сили пукале кон автобуси со цивили во украинското село Бороваја, во близина на градот Харков.
Обвинителството информира дека покренало кривична постапка поради сомнение за „повреда на законите и обичаите на војната, во комбинација со убиство со умисла“.
Инспекторите, ги утврдуваат маршрутите и дестинацијата на возилата што превезуваат цивили преку територијата под руска контрола околу селото Бороваја.
Денеска е 50-ти ден од почетокот на војната. Украинската страна тврди дека досега убиле 20.000 руски војници. Сепак, многу инфромации не може независно да бидат потврдени.
Слично
