Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИТЕ ПРИЗНАА: Украински проектил погоди складиште со нафта во Болгоград

РУСИТЕ ПРИЗНАА: Украински проектил погоди складиште со нафта во Болгоград

Попладнево украинска ракета погоди складиште за нафта во руската област Белгород и предизвика пожар, изјави гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

На местото на настанот сум. Вработени во Министерството за вонредни состојби го гаснат пожарот, нема опасност од ширење“, објави Гладков на Телеграм.

Руската област Белгород се наоѓа во близина на границата со Украина, недалеку од градот Харков. Руските служби за итни случаи објавија дека една од 10 цистерни со гориво е оштетена во нападот, јавуваат руските медиуми.

Руските служби минатата недела објавија дека украинските сили значително го зголемиле гранатирањето на руската територија во регионите Брјанск, Курск и Белгород од почетокот на октомври.

Слично

Поврзани вести