РУСИТЕ ПРАВАТ ЛЕК ЗА КОВИД - на иста основа со оној со кој се излечи Трамп
Националниот центар за епидемиологија и микробиологија „Николај Гамалеј“ во Москва, што ја направи вакцината „Спутник V“ почнал да работи на аналоген лек со кој што во САД се лечеше претседателот Доналд Трамп.
Директорот на центарот Александар Гинтсбург објаснил дека станува збор за лек направен врз основа на моноклонални антитела. Тоа се антитела кои што штитат од вирусите и се наоѓаат во крвната плазма на човекот кој што прележал коронавирус.
Но, во новата вакцина ќе има и антитела направени со геноинженеринг, значи не во човечкиот организам туку вештачки. Антителата ќе бидат од концентриран вид. Тој препарат во Русија би можел да се појави кон крајот на 2021 година.
Веќе сега добро е позната праксата дека болните луѓе од коронавирусот примаат крвна плазма од луѓе кои што го прележале вирусот. Но, неа ја нема во доволни количини, па „Трамповата вакцина“ ќе биде многу корисна.
