Русите повторно тврдат дека Зеленски избегал во странство
Русите повторно тврдат дека украинскиот претседател Влодомир Зеленски избегал во странство.
Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин изјави дека Зеленски моментално се наоѓа во Полска.
„Пратениците на украинската Врховна Рада тврдат дека не можат да дојдат до него во Лавов и дека сега е во Полска“, напиша Володин.
И претходно, имаше тврдења дека Зеленски избегал, но тој се појави од улиците на Киев за да докаже дека е во Украина. Русија на 24 минатиот месец ја нападна Украина и се уште се војува.
Слично
