Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите потврдија дека Украинците го нападнале Крим, уништиле два брода и повредиле 24 луѓе

Русите потврдија дека Украинците го нападнале Крим, уништиле два брода и повредиле 24 луѓе

Русите признаа дека Украинците го нападнале Крим, оштетиле воени бродови и раниле 24 луѓе. 

Два воени брода се оштетени во украински ракетен напад во и околу заливот Севастопол на Крим.

„Како резултат на нападот се запали „нецивилен објект“ во пристанишниот град Севастопол“, изјави гувернерот Михаил Развозаев на Телеграм, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС. 

Според извештајот, околу 10 експлозии одекнале во градот каде што е стационирана руската Црноморска флота. Развозаев ја обвини украинската армија за нападот.

„Два брода кои беа на поправка се оштетени од непријателски крстосувачки ракети“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Украина не се откажува од враќање на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 

Инаку, Естонија, Литванија и Летонија ги затворија границите за возила регистрирани во Русија.

Слично

Поврзани вести