Русите попуштија – рокот за исплата на украинскиот гас поместен за 16 јуни
Руската компанија „Гаспром“ соопшти дека до 16 јуни го одложила крајниот рок за исплата на досега испорачаниот природен гас во Украина, додека во Брисел денеска продолжија разговорите за ова прашање меѓу Русија, Украина и Европската комисија.
„Руската страна направи чекор кон натамошни преговори, кои засега се одвиваат многу интензивно“, рече првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер.
Сепак, повеќечасовните разговори во Брисел уште не донесоа конкретен резултат, што ги засили стравувањата дека цела Европа би можела да се соочи со проблеми во испораката и недостиг од овој енергенс.
Најголем проблем во разговорите, кои се очекува да продолжат вo текот на денешниот ден, е механизмот за одредување на цената на гасот што го предлага Русија.
