Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите пак ќе се обидат да го заземат Киев?

Русите пак ќе се обидат да го заземат Киев?

Русија пак ќе го нападне Киев во февруари или март, изјави шефот на украинската армија, Валериј Залужни. Смета дека Русите нема да се откажат од заземање на градот. 

Според него, Русите „некаде подалеку од Урал, подготвуваат нови ресурси“.  Тој во интервју за „Економист“ рече дека се обидува да се подготви за руските сили доколку повторно се обидат да го заземат градот, веројатно во февруари или март. За руската мобилизација од 300.000 резервисти и поранешни војници, прокоментира дека тоа функционирало. 

„Фактот дека тие ги исцрпиле овие ресурси и го потрошиле својот потенцијал без практично да постигнат никаков резултат, покажува дека нивната позиција е погрешно избрана. Сега треба повторно да размислат како да излезат од оваа ситуација. Значи, најверојатно тие бараат начини да престанат [борбите] и да добијат пауза на кој било начин: гранатирање цивили, оставајќи ги нашите сопруги и деца да се замрзнат до смрт. Тоа им е потребно за една едноставна цел: им треба време да соберат ресурси и да создадат нов потенцијал за да можат да продолжат да ги исполнуваат своите цели“, вели Залужни.

Тој додава дека е критично затоа што немаат струја, вода и дека се смрзнуваат децата и жените на војниците. Русија на почетокот на инвазијата планираше да го заземе Киев, но тоа не се случи.

Но, Русија иако е под санкции тврди дека има излез. 

Слично

Поврзани вести