Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИТЕ ОТКРИЈА ЗОШТО ОЧАЈНИЧКИ САКААТ ДА ГО ОСВОЈАТ МАРИУПОЛ - се срамнија со земја, но затоа остана недопрен клучниот дел кој е доказ дека Путин сака да го задржи градот

РУСИТЕ ОТКРИЈА ЗОШТО ОЧАЈНИЧКИ САКААТ ДА ГО ОСВОЈАТ МАРИУПОЛ - се срамнија со земја, но затоа остана недопрен клучниот дел кој е доказ дека Путин сака да го задржи градот

Официјален претставник од пристаништето Мариупол, кој пред два дена побегна од градот под опсада на руските сили, изјави за Би-Би-Си дека поголемиот дел од градот е целосно уништен, но дека пристанишниот дел останал главно недопрен.

Човекот, кој не беше именуван од безбедносни причини, рече дека шест бродови со странски знамиња биле заробени во пристаништето Мариупол од почетокот на инвазијата, но дека „за разлика од остатокот од градот, пристаништето претрпе релативно мало бомбардирање“. 

Мариупол е најголемото пристаниште на Азовското Море и едно од најголемите во Украина за извоз на земјоделски производи. Окупацијата на ова пристаниште е од големо стратешко значење за Русија, истакнува Би-Би-Си.

Зошто Мариупол е толку важен за Русија?

Индекс.хр пишува дека не е тајна дека руските сили се очајни да го освојат пристаништето Мариупол, кое со недели го гранатираат, а рускиот функционер за прорежимскиот „РИА Новости“ објаснил зошто овој град е толку важен за нивните планови.

Имено, Русија сака да го поврзе полуостровот Крим, анектиран во 2014 година, со југоисточниот регион Донбас, во кој спаѓаат проруските сепаратистички самопрогласени републики Доњецк и Луганск. Но, за да го направат тоа, прво треба да го освојат Мариупол.

Кирил Степанов, советник на јужниот федерален округ на Русија, кој го опфаќа Крим, изјави за РИА Новости дека „преземањето контрола на автопатот од Крим до Мариупол сигурно ќе го поврзе полуостровот со транспортниот коридор Донбас“.

Тој додаде дека коридорот ќе создаде „транзитна територија“ што ќе ги поврзе кавкаскиот регион, пристаништата на северниот брег на Црното Море и индустриските центри во Доњецк и Луганск.

„Катастрофална хуманитарна ситуација“

Руските сили со недели го гранатираат и бомбардираат Мариупол. Над 80 отсто од станбените згради во тој град се оштетени. Украина го отфрли ултиматумот на Русија, која бараше предавање на градот. Мариупол е последниот голем град во тој дел од земјата што е под контрола на Украина.

Вчера градот го напуштија над 560 луѓе, од кои 110 деца, како што објави штабот на територијалната одбрана на Доњецката Народна Република (ДНР) на апликацијата „Телеграм“. Според штабот, заклучно со 5 март во помошниот центар „Безименоје“ се евакуирани вкупно 4.621 лице.

Руското Министерство за одбрана, наведувајќи дека хуманитарната ситуација во градот е „катастрофална“, соопшти дека до 22 март од Мариупол биле евакуирани повеќе од 68.000 луѓе.

Слично

Поврзани вести