Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИТЕ ОТКРИЈА НАФТЕНО НАОЃАЛИШТЕ СО ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ: Еве каде се наоѓа

РУСИТЕ ОТКРИЈА НАФТЕНО НАОЃАЛИШТЕ СО ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ: Еве каде се наоѓа

Компанијата „Роснефт” откри наоѓалиште на нафта во Хатангскиот залив во морето Лаптеви. 

Оваа информација ја пренесоа руските агенции. Наоѓалиштето има значително количество на нафта. 

Рускиот министер за природни ресурси и екологија, Сергеј Донској изјави  дека во блиско време во Хатангскиот залив ќе може да бидат откриени и други нафтени наоѓалишта. Роснефт почна со дупчење во реонот на почетокот на април.

Претседателот на „Роснефт”,  Игор Сечин вели дека ресурскиот потенцијал само во реонот на морето Лаптеви претставува 9,5 милијарди тони нафтен еквивалент. Според експерти, до 2050 година арктичкиот крај ќе обезбедува меѓу 20 и 30% од целите руски нефтени полиња.

Од 2012 година, инвестициите на „Роснефт“ во развојот на арктичкиот шелф изнесуваат околу 100 милијарди рубли. Компанијата планира од 2017 до 2021 година да го зголеми обемот на инвестиции до 250 милијарди рубли. 

Слично

Поврзани вести