Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите од затвор во Москва регрутирале студент од Замбија која загина во Украина

Русите од затвор во Москва регрутирале студент од Замбија која загина во Украина

Украина ја обвини Русија дека испраќа африкански затвореници да војуваат. 

Еден ден претходно студент од Замбија загинал во борба.  Портпаролот на украинската дипломатија Олег Николенко кажа дека Африканците не треба да гинат за нездравите империјални амбиции на рускиот претседател Владимир Путин.  Властите во Замбија вчера објавија дека Лемехани Натан Ниренда, загинал на 22 септември во Украина, а требало да биде во затвор во Русија. Наместо да биде во затвор во Моксва, го испратиле во Украина каде загинал.  Украина го обвинува шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој е близок до Путин, дека испратил на фронтот неколку илјади борци со ветување дека ќе земаат високи плати и ќе бидат ослободени од казната затвор. И на украинска страна се борат странски платеници, а дел од нив загинаа во воените дејствија. 

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на социјалните мрежи ги претстави сите 10 предлози на Киев за прекин на конфликтот со Русија:

1. Нуклеарна безбедност, 2. Безбедност на храна, 3. Енергетска безбедност, 4. Ослободување и враќање на затворениците и депортираните, 5. Имплементација на Повелбата на ОН и враќање на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок, 6. Повлекување на руските трупи и прекин на борбите, 7. Враќање на правниот систем, 8. Запирање на екоцидот, 9. Спречување на ескалација и 10. Потврда за крај на војната. Инвазијата почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести