Русите не сакаат војна, на демонстрации во повеќе градови се уапсени над 700 луѓе
Антивоени протести има во повеќе руски градови, при што се уапсени над 700 луѓе.
Најмалку 735 луѓе се уапсени на протестите кои се одржуваат во повеќе руски градови против инвазијата на Украина, објавија руски невладини организации. Во Москва се уапсени дури 300 демонстранти. Во Москва имало околу 2.000 демонстранти, додека на протестите во Санкт Петерсбург учествувале околу 1.000 демонстранти. Русија утрово ја нападна Украина. Се бројат жртви, а меѓу загинатите има и деца.
фото Твитер
Слично
