Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите навалија на имоти во Бугарија - колку купиле за десет години?

Русите навалија на имоти во Бугарија - колку купиле за десет години?

73 614 руски државјани купиле имоти во Бугарија за десет години. 

Купувањето на имот за сума под 300.000 евра дава право на едногодишна виза. 

73 614 руски државјани и 30 фирми со сопственици Руси купиле имоти во Бугарија од 2006-та до 2016 година. 

Најмногу руски имоти има во областа Бургас, каде имот поседуваат 58 240 руски државјани. Следува Варна каде сопствен имот имаат 9 628 граѓани на Русија, и Добрич - 1692. Фирмите со имот во Бургас се 25, во Варна - 2, толку се и во Софија и една - во Благоевград. 

Недвижностите во областите Благоевград и Смолјан, каде има планински одморалишта, исто предизвикале интерес кај руски државјани. Во Благовградската област имот имаат 2 702 граѓани на Русија, а во Смолјанско - 466. Во Софија недвижен имот за овие десет години купиле 365 лица. Интерес има и за Пазарџик - 223 и Пловдив - 99. Само еден Русин има стекнато имот во Ќустендил.

Голем дел од имотите во Бугарија се купени  од руски пензионери, во најголем дел "млади пензионери" од армијата или безбедносните сили. 

Семејствата на најмалку шест високи партиски функционери од владејачката партија на претседателот на Русија, Владимир Путин имаат фирми и недвижен имот во Бугарија.



Слично

Поврзани вести