Русите навалија да купуваат имоти во Турција
Русите масовно купуваат имоти во Турција. Тие се најбројни меѓу странците кои бараат недвижнини во Турција.
Во Дубаи лани Русите купиле недвижен имот вреден 56 милијарди долари. Лани странските државјани купиле повеќе од 67.000 недвижности. Русите купиле 16.312 станови, граѓаните на Иран – повеќе од 8.200 објекти, Ирачаните – повеќе од 6.000. Најпопуларни за странците се Истанбул, Анталија и Мерсин. Само во декември Русите купиле повеќе од 2.400 станови. Турција е една од трите земји каде што богатите Руси најчесто купуваат недвижен имот. Руските граѓани инвестираат и во станови во ОАЕ и Кипар.
Но, и кириите поскапеа, а во Истанбул минималната цена за стан или студио е 1.500-2.000 долари месечно. Пред неколку години можевте да изнајмите куќа за 1.000 долари.
