Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите на Водици влегуваат во вода на минус 30 степени

Русите на Водици влегуваат во вода на минус 30 степени

Православните христијани, во Русија по повод празникот Водици,  традиционално влегуваа во осветените води, во реките и во езерата ширум земјата, дури и на места, каде што температурата е минус 30 степени. 

Русите дури три пати нурнуваат во студената вода, за да, според верувањето, се исчистат од гревовите и си ја вратат силата на духот.

Медицински тимови се на местата каде што верниците се капат, и предупредуваат дека влегувањето во ледена вода не е штетно само за целосно здравите луѓе.

Претходните години, и рускиот претседател Владимир Путин на Водици влегуваше во студена вода за да се искапе. 

Слично

Поврзани вести