Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите на „мета“ со голем безбедносен скандал-Зошто повлекуваат Мицубиши автомобили?

Русите на „мета“ со голем безбедносен скандал-Зошто повлекуваат Мицубиши автомобили?

Јапонската автомобилска компанија „Мицубиши моторс“ повлекла 47 800 автомобили во Русија како во нив би ги променила воздушните перници на компанијата Таката.

Оваа компанијата е во центарот на најголемиот безбедносен скандал во автоиндустријата.

Претставник од Мицубиши во Русија изјавил за француската агенција Франс прес дека јапонската компанија ги известува сопстврниците на пикапи „мицубиши  L200“ дека е неопходно да се заменат механизмите за надување на воздушните перници и дека ги повикува во центрите за сервис на бесплатна замена.

Повикот се однесува на возилата на Мицубиши „L200“ произведени помеѓу февруари 2007 и 2016 година.

Компанијата Таката се нашла во центарот на скандал, во врска со многубројни повици за автомобилите во кои се инсталирани воздушните перници на таа фирма.

Имено, како што претходно е соопштено, тие можат без причина да се отворат во текот на возењето и да ги исфрлат а на тој начин би ги повредиле патниците и возачите.

Слично

Поврзани вести