РУСИТЕ МАЧЕЛЕ И УБИВАЛЕ ЦИВИЛИ: Кај Харков се откопани 534 тела, меѓу нив имало и 19 деца
Во регонот на Харков за еден месец ексхумирани се телата на 534 цивили, а меѓу нив имало и 19 деца.
Меѓу нив има тела на 226 жени и 260 мажи и останки на 29 лица чиј пол се уште не е утврден. Во оваа бројка се вклучени и телата кои беа ексхумирани од масовната гробница во близина на Изум. Дел од овие луѓе се убиени во воздушни и артилериски напади, а кај некои имало знаци дека се мачени.
Еден цивил е убиен во руското гранатирање на регионот Доњецк во изминатиот ден. Покрај тоа, четири тела на цивили беа пронајдени за време на процедурите за ексхумација во ослободениот град Свјатохирск, објави началникот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ. Претходно, и во Буча беше најдена масовна гробница. Војната почна на 24 февруари.
