Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИТЕ ЌЕ ПОКАЖАТ МИЛОСТ КОН СТРАНЦИТЕ ОСУДЕНИ НА СМРТ? Пушилин зборуваше за судбината на Британците и Мароканeцoт

РУСИТЕ ЌЕ ПОКАЖАТ МИЛОСТ КОН СТРАНЦИТЕ ОСУДЕНИ НА СМРТ? Пушилин зборуваше за судбината на Британците и Мароканeцoт

Лидерот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин денеска изјави дека постои можност за помилување на двајца британски државјани и еден Мароканец кои беа осудени на смрт пред Врховниот суд на ДНР.

- Да, секако дека постои таква можност, но во воздухот е и прашањето за правдата. Го знам ставот на граѓаните на републиката во однос на овие криминалци - рече Пушилин, шишува „Новости.рс“, повикувајќи се на РИА Новости.

Според него, жителите на ДНР „пресудата против тројцата странски платеници ја доживуваат како триумф на правдата“.

Претходно денеска Врховниот суд на самопрогласената ДНР осуди двајца британски државјани и еден Мароканец на смрт поради учество во непријателства на страната на украинските вооружени сили како платеници, пренесе ТАСС.

Британците Шон Пинер и Ејден Аслин и Мароканецот Садун Брахум се предадоа во Мариупол во средината на април.

Пушилин денеска зборуваше и за судењето на украинските војници од баталјонот „Азов“ велејќи дека тоа може да се одржи пред крајот на летото и додаде дека процесот не може да се одложи.

На 20 мај, руското Министерство за одбрана објави дека територијата на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, каде што се криела украинската војска и припадниците на Азовскиот полк (против кои биле покренати кривични случаи во Русија), е целосно ослободена и под целосна контрола на вооружените сили на Русија.

Фото: Принскрин/ Твитер

Слично

Поврзани вести