Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите ќе ја одмаздат Дарја Дугина

Русите ќе ја одмаздат Дарја Дугина

Русите ќе ја одмаздат убиената руска новинарка Дарја Дугина. 

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како руските војници пукаат гранати кон украински цели со зборовите „За Дарја Дугина“, ќерката на сојузникот на Путин, филозофот Александар Дугин, која на 20 месецов загина во експлозија на бомба во семејниот џип, пренесува Нова.

Руските служби ФСБ објавија дека убиецот на Дарја е Украинката Наталија Вовк, поранешен член на баталјонот „Азов“ и дадоа снимки од Наталија која ја следела Дарја. За ова имаше остри реакции од Киев од каде велат дека самата служба ФСБ стои зад убиството кое може да е нарачано од рускиот претседател Владимир Путин поради внатрешни пресметки со националистите во Русија чиј идол беше токму таткото на Дарја, Александар Дугин.

фото: твитер/принтскрин

Слично

Поврзани вести