Русите ќе градат гасовод во Пакистан вреден 2,5 милијарди долари
Руската државна градежна компанија Ростек корпорејшн планира изградба на гасовод во Пакистан во 2017 година, во должина од 1094 километри, а трошоците за изградба се проценети на 2,5 милијарди долари, пренесува Руска реч.
Тоа ќе биде прв голем проект на Русија во Пакистан уште од 70-тите години на минатиот век, а компанијаа Ростек ќе биде задолжена за изградба, како и за привлекување на руски и странски финансии.
Добивање кредит од западните банки, како што пишува горе споменатиот весник, е речиси невозможно за таа компанија, бидејќи е на „црната листа“ на санкционираните руски државни компании.
Кина и Пакистан во април годинава потпишаа прелиминарен договор за изградба на така наречен „Гасовод на мирот“, кој би одел од Иран до Пакистан. Официјален Исламбад, меѓутоа, со месеци ги криеше преговорите со Кина за изградба на пакистанскиот дел на тој гасовод. Официјален Техеран неодамна соопшти дека иранскиот дел од тој гасовод, во должина од 900 км е веќе завршен.
-Официјална Москва мора да побрза како пазарот на Пакистан не би и го препуштила на Кина - изјавил цлен на рускиот Институт за блискуисточни студии, Владимир Москаленко.
Истовремено, еден неименуван извор од руската влада во изјава за рускиот весник „Комерсант“ рекол дека за Русија е од геополитичко значење да ја зајакне својата позиција во Пакистан, како и во секторот на транспорт на гас, бидејќи во иднина таа држава би можела да стане клучна маршута за транзит на гас до Индија.
