Русите ја “освојуваат“ Шпанија
Руските државјани масовно купуваат луксузни вили долж медитеранскиот брег на Шпанија, фацинирани од благата клима и убавиот животен стил.
Само во текот на минатата година Русите купиле 2.339 недвижности во Шпанија, повеќето на брегот на Средоземното море, што е за 50 отсто повеќе од 2011-та, покажуваат податоците на шпанската асоцијација за недвижности, пренесува Франс прес.
-Растот на продажбата во Шпанија е резултат на препораките од“ уста до уста“ и падот на цените, во комбинација со куповната моќ на Русите, изјавила рускиот адвокат Алина Бондаренко, која веќе десета година работи во Шпанија.
Приливот на руските купувачи помогна во стимулирањето на шпанскиот сектор за недвижнини, кој има потешкотии од пукањето на меурот на недвижности во 2008-та година, кој со себе ја повлече целокупната шпанска економија. Создавајки скок на невработеноста на рекордни 26 отсто.
Поради привлекувањето на купувачи од странство и намалувањето на бројот на непродадени куќи, шпанската влада би можела да понуди дозвола за постојан престој на странците кои ќе купат свој дом во вредност повисока од 160.000 евра.
Слично
