Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИТЕ ЈА ОБВИНИЈА МЕРКЕЛ ЗА ПОДГОТОВКА НА ВОЈНАТА: „Леопардите“ ќе бидат уништени исто како фашистичките „тигри“

РУСИТЕ ЈА ОБВИНИЈА МЕРКЕЛ ЗА ПОДГОТОВКА НА ВОЈНАТА: „Леопардите“ ќе бидат уништени исто како фашистичките „тигри“

Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин изјави дека тенковите што Германија ќе ги испорача на Украина ќе ја доживеат истата судбина како оние од Втората светска војна.

Тој објави порака на Телеграм по повод 80-годишнината од битката кај Сталинград.

„Како што покажа историјата, не сите ги научија лекциите од уништувањето на нацистичка Германија во Сталинград. Поранешната канцеларка Ангела Меркел, додека беше на функцијата, ја мамеше меѓународната заедница и сопствениот народ, му помогна на режимот во Киев да се подготви за војна. Актуелниот канцелар Олаф Шолц отиде чекор подалеку донесувајќи одлука да испрати германски тенкови во војна против Русија. Нивната судбина ќе биде иста како пред 80 години. „Леопардите“ ќе бидат уништени исто како фашистичките „тигри“, изјави Володин.

Претседателот на Думата додаде дека германските власти треба да се сетат на 1943 година и да им објаснат на граѓаните зошто повторно го вовлекуваат германскиот народ во војна.

EPA-EFE/ANDRE KOSTERS

Слично

Поврзани вести