Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите извршија напад на Северодоњецк каде горат десет згради

Русите извршија напад на Северодоњецк каде горат десет згради

Руските сили го гранатираат Северодоњецк, објави гувернерот на Луганск, Серхи Хајдаи кој додава дека горат десет згради.

Засега нема информации за жртви. Северодоњецк е привремено седиште на регионалната власт на Луганск, откако истоимениот град е под контрола на проруските сепаратисти. Северодоњецк, кој пред војната имаше повеќе од 100.000 жители, е најисточен град под контрола на украинската армија.

Руските сили продолжуваат да ги гранатираат градовите во источна и јужна Украина. Воедно, напаѓаат цели на други места со проектили. Харков е гранатиран ноќеска. 

Украина им порача на жителите во источните региони на земјата да се евакуираат „сега“ или „да ризикуваат смрт“. 

Русија ги повлече своите воени сили од поголемиот дел од северна Украина и се откажа од нападот врз Киев, според информациите на западните разузнавачи.

На 24 февруари, Русија ја нападна Украина. 

Конфликтот во Украина ќе продолжи со години, велат од Пентагон. Пентагон објави предвидување дека војната ќе се одолговлекува.

Слично

Поврзани вести