Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите извршија напад на Одеса, има жртви, а гувернерот ги предупреди дека ќе зажалат

Русите извршија напад на Одеса, има жртви, а гувернерот ги предупреди дека ќе зажалат

Руските сили извршија напад и на градот Одеса. 

Има жртви, иако бројот не е соопштен. 

„Три ракети погодиле станбена област во близина на пристанишниот град Одеса во јужна Украина“, изјави локалниот гувернер Максим Марченко. 

Марченко предупредува дека Русите „ќе зажалат за секое лансирање ракети и секој напад извршен врз Украина“. И претходно имаше напади во Одеса, но овој град помина полесно од другите украински градови. 

На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Во нападите на руската армија настрадале 153 деца, а 245 се повредени.  Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина, објави дека во бомбардирањето на руската армија се оштетени 859 образовни институции, а 83 од нив се целосно уништени.

Слично

Поврзани вести