Русите извршија напад на Лавов
Руските сили извеле напад на украинскиот град Лавов.
Во ракетниот напад во раните утрински часови е погодена воената инфраструктура во западниот украински регион Лавов. Гувернерот на регионот Максим Козицки во објавата на Телеграм, вели дека во моментов нема информации за бројот на загинати и повредени. Лавов неколку пати беше мета на напади. Денеска е 81-от ден од почетокот на војната во Украина.
Најкритично е во Мариупол, а Турција се нуди да ги извлече украинските борци од Азовстал.
Слично
