Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Видео) Русите излегоа на улица, протести избија низ земјата поради мобилизацијата, уапсени се најмалку 100 луѓе

(Видео) Русите излегоа на улица, протести избија низ земјата поради мобилизацијата, уапсени се најмалку 100 луѓе

Во Русија денеска по најавата за делумна мобилизација на населението започнаа првите протести против намерата која утрово ја соопшти претседателот Владимир Путин. 

За време на демонстрациите беа уапсени повеќе од 109 лица, соопшти руското движење за заштита на човековите права ОВД-Инфо.


На социјалните мрежи се шират видеа од граѓани кои наводно протестираат на истокот на земјата, во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.

Во меѓувреме се појавија видеа на кои се гледаат наводните први апсења, а се појави и веста дека само во Иркутск се уапсени повеќе од десет лица.

ОВД-Инфо соопшти дека знае дека луѓе се уапсени во најмалку 15 руски градови.

За вечерва во 19 часот по руско време се најавени нови протести низ Русија



Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести