Русите им се заканија на САД, одговорот ги шокираше
Трговскиот дефицит на САД во септември падна на најниско ниво за 19 месеци, бидејќи побарувачката за авиони произведени во САД и за други извозни производи пораснала.
Од др уга страна, увозот паднал.
Трговскиот дефицит во САД во септември паднал на 36,4 милијарди долари, што е за 9,9 отсто помал дефицит во однос на август, соопшти американското министерство за трговија.
Тоа, исто така е најниска трговска загуба од февруари 2015 година.
Извозот на САД е зголемен за 0,6 отсто, на 189,2 милијарди долари, што е највисоко ниво за повеќе од година дена, додека увозот паднал за 1,3 отсто, на 226,6 милијарди долари.
Најновиот извештај, е охрабрувачки сигнал за американските произведувачи и знак дека натежнуваат проблемите предизвикани од слабата побарувачка во странство и јакнење на доларот.
Да потсетиме, Кина и Русија ќе инвестираат до 20 милијарди долари во развој на широкотрупен млазен авион за долги релации, што е обид да им се парира на водечките западни произведувачи на Боинг и Ербас.
