Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите и свртеа грб на Европа-Сочи пребукиран

Русите и свртеа грб на Европа-Сочи пребукиран

Бројот на Руси кои оваа зима ќе отпатуваат во странство е преполовен, додека истовремено повеќето хотели во Сочи се пребукирани, јави Раша тудеј.

Причините за заминување на повеќето Руси во Санкт Петербург, Московскиот регион и Сочи, се како што оценува Раша тудеј, всушност едноставни, а тука се слабата рубља и едноставното резервирање на домашните летови.

„Последниот месец и пол, цените на картите значајно пораснаа, па дури и оние дестинации кои се сметани за подостапни, станаа скапи. Тоа се однесува на централна и источна Европа, како и на некои оддалечени дестинации“, јавуваат руските агенции.

Според истите извори руските туристи некогаш биле меѓу петте нејголеми потрошувачи при патување во странство.

Земјите во еврозоната, според податоци на руски консултантски компании ќе претрпат најтешки последици поради загубите од руските туристи, а најголеми загуби ќе имаат Италија, Франција, Австрија и Чешка.

Руските државјани, како што наведува РТ, трагаат за алтернативни дестинации и се поголем број од нив ги бираат поранешните членки на Советскиот сојуз кои не се погодени од курсните флуктуации.

Како дополнителна причина зошто Русите ја избегнуваат Европа е и бегалската криза.

Слично

Поврзани вести