Русите и даваат 10% попуст на Турција за гас
Турција ќе добие попуст од 10,25 одсто на гасот кој го увезува од Русија, рекол денеска министерот за енергетика на Турција, Танер Јилдиз.
Тој на локалната телевизија изјавил дека спогодбата со Русија за висината на попустот е постигната вчера, пренесува Блумберг.
На тој, начин, турската државна компанија Биотас може да заштеди на увозот на гас од Русија и да го плати долгот на Министерството за финансии на Турција, рекол Јилдиз.
Тој меѓутоа, додал дека потрошувачите нема да го почуствуваат намалувањето на цените на гасот поради слабеањето на турската лира.
Претходно е објавено дека Турција води преговори со Гаспром за висина на попустот на увозот на гас. Во почетокот, руската страна на Турција и ветила попуст од шест одсто, со кој таа не се служила.
Турција сега е втор најголем потрошувач на руски гас, од минатата година со увезени 27,3 милијарди кубни метри гас, зад Германија (38,7 милијарди), а пред Италија со (21,6 милијарди кубни метри).
