Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите го зазедоа Мариупол, градоначалникот потврди дека градот е во рацете на окупаторите

Русите го зазедоа Мариупол, градоначалникот потврди дека градот е во рацете на окупаторите

Првиот човек на украинскиот град Мариупол, Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на окупаторот. 

Тој рече дека не е се во нивна моќ. 

„За жал, денеска сме во рацете на окупаторите“, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен.

Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазијата на 24 февруари.

Градоначалникот вели дека околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации.  Си-Ен-Ен објави дека не е познато дали уште има борби во градот.

Градот долго време се држеше. Беше гранатиран театарот, болницата и други важни објекти. Војната влезе во вториот месец. 

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести