Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите го протеруваат доларот?

Русите го протеруваат доларот?
Доларот е пред крах, и поради тоа руските граѓани мора да се заштитат од можниот вртоглав пад на вредноста на „зелената банкнота“, смета пратеникот од Либерално-демократската партија, Владимир Жириновски, кој до руската дума достави нацрт закон за забрана на употреба на американската валута, доларот. Иако расправата се уште не почнала, голем број од пратениците не веруваат дека законот ќе добие зелено светло. Предлагачот објаснува дека доларот поради лошата состојба на американската економија, е пред крах, па треба да се заштитат руските граѓани. Ако американската економија рапидно не се поправи, според мислењето на Дегтарјев, крахот на доларот е неизбежен најдоцна до 2017 година. Ако законот биде прифатен, во наредните две години, Русите би можеле да ги продадат своите долари или да ги заменат со други валути. Русија сега има околу 530 милијарди долари златни и девизни резерви, од кои 40%  се во евра, 40% во долари, а 20% во други валути. Една од главните причини што Русија не може да го игнорира доларот е и тоа што многу пари заработува од продажбата на нафта и гас, а сите договори во таа сфера, традиционално се потпишуваат во долари.  
Слично

Поврзани вести