Русите го прогласија Лисичанск за освоен
Денеска сепаратистите поддржани од руската армија „целосно“ го опколија Лисичанск, на истокот на Украина, пренесе агенцијата ТАСС.
Луганската народна милиција (сепаратистичка армија) и руските вооружени сили денеска ги зазедоа последните стратешки упоришта, изјави претставникот на луганската сепаратистичка армија Андреј Марочко.
Тој рече дека од окупираните позиции се гледа дека Лисичанск е целосно опколен. Лисичанск е последниот голем град во регионот на Луганската област под контрола на украинската армија.
Проруските сепаратисти на истокот на Украина, поддржани од Москва, објавија дека „целосно“ го опколиле Лисичанск, но Киев ги демантира овие информации и тврди дека се уште го „контролира“ градот.
Виталиј Кисиљев, исто така претставник на сепаратистите, прецизираше дека борбите сега се водат во близина на стадионот на Шахтјор, во близина на самиот центар на градот, кој пред војната имал 100.000 жители. Лисичанск е последниот голем град во областа Луганск за кој Украинците тврдат дека е под контрола. Минатата недела падна соседниот град Северодонецк, откако украинските сили се повлекоа. Заземањето на Лисичанск ќе и овозможи на руската армија да напредува кон Славјанск и Крематорск, два други големи града во индустриската област.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот канал Телеграм сподели видео со наслов „Лисичанск е наш“, а заедно со тоа сподели и познати детали.
Посебно е интересно што Кадиров само еден час порано го најави нападот и опкружувањето на овој град, а многу брзо објави дека руската војска влегла во центарот.
