Економија, финансии, бизнис

Контакт

„РУСИТЕ ГО КРАДАТ УКРАИНСКОТО ЖИТО И ГО ПРОДАВААТ ВО СТРАНСТВО“: Кулеба тврди-товарат жито на бродови кои заминуваат преку Босфор

„РУСИТЕ ГО КРАДАТ УКРАИНСКОТО ЖИТО И ГО ПРОДАВААТ ВО СТРАНСТВО“: Кулеба тврди-товарат жито на бродови кои заминуваат преку Босфор

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги обвини Русите нарекувајќи ги крадци кои го крадат украинското жито за да го продадат во странство. Кулеба е категоричен дека товарат жито на бродови кои потоа го испраќаат преку Босфор на продажба во странство.

„Ги повикувам сите земји да бидат внимателни и да ги отфрлат сите такви понуди. Не купувајте украдено. Не дозволувајте да станете соучесник во руските злосторства“, напиша Кулеба на Твитер, пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Медиумот сепак напоменува дека нема потврда за овие тврдења на шефот на украинската дипломатија и дека Русија денеска ги отфрлила како „фалсификувани“ фотографиите на кои се гледа како бродови товараат жито на Крим.


ФОТО: CNN Print Screen

Слично

Поврзани вести