Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите го гранатираа Харков - има дестици загинати цивили

Русите го гранатираа Харков - има дестици загинати цивили

Десетици загинати и стотици повредени цивили има во денешното гранатирање на Харков, јавуваат украинските медиуми. 

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на Фејсбук објави дека московските трупи бомбардирале станбени области. 

„Десетици се убиени, а стотици се ранети! Целиот свет мора да го види овој ужас! Смрт за окупаторите!“, напиша тој. 

Шефицата на ОН за човекови права Мишел Башелет претходно денеска изјави дека најмалку 102 цивили се убиени, а уште 304 се повредени. Но, сепак не се знае колку цивили досега вкупно загинаа откако минатата недела Русија ја почна инвазијата на Украина.  Претходно меѓу загинатите имаше и деца. Западот воведе санкции за Русија. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести