Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите ги вакцинираат животните против коронавирусот

Русите ги вакцинираат животните против коронавирусот

Русија почна да вакцинира и животни против коронавирусот. 

Вирологот д-р Надежда Рахманина вели дека оваа вакцина ќе биде особено важна за животните кои имаат крзно, но таа не е сигурна дали оваа вакцина им е потребна и на домашните миленици. Тестирањето покажало дека кучињата, мачките, лисиците развиле антитела по приемот на вакцината.

Кон крајот на март, во Русија е регистрирана првата вакцина во светот против коронавирус за животни. Заменик директорот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија, Константин Савенков, тогаш објави дека масовното производство на вакцината Карнивак-Ков може да почне во април. Воените кучиња се вакцинирани во пресрет на нивното појавување на парадата на Црвениот плоштад на 9 мај.  Група научници претходно кажаа дека мачките и кучињата во иднина треба да се вакцинираат затоа што можат да бидат заразени со коронавирусот. Во светот веќе имаше случаи на заразени животни со ковид. 

Слично

Поврзани вести