Русите ги протеруваат гастербајтерите
На се поголем број руси им пречи тоа што во земјата доаѓаат странски работници. Руската полиција започна нова кампања со апсење и протерување на илегалните гастербајтери.
Во последните неколку недели само московската полиција извршила проверка на 1238 објекти на кои работат странци и уловила 4200 нелегални печалбари. Од нив 507 ќе мора да ја напуштат Русија во најкраток рок.
Најнововото социолошко истражување покажува дека Русија се повеќе не ги сака гастербајтерите во земјата.
Дури 47 отсто граѓани на Русија сметаат дека доаѓањето на голем број странски државјани повеќе и штети на земјата октолку што и користи. Десет отсто од русите сметаат дека треба потполно да се забрани влез за гастербајтери во земјата, додека 53 отсто веруваат дека е потребен построг закон за мигрантите. Додека има и такви кои мислат дека дозволата за работа треба да им се врати само на оние кои го познаваат рускиот јазик.
На руските граѓани најмногу им сметаат печалбарите од Кавказ и Азарбеџан кои работат во големи погони каде се лепат лажни етикети на познати марки или пак оние кои работат со продажба на овошје, зеленчук и цвеќе.
Слично
