Русите ги гаѓаа селата близу Одеса, има загинати цивили
Најмалку две лица загинаа, а 15 се ранети во руските напади во Украина.
Руски крстосувачки ракети денеска ги погодија селата околу Одеса во јужна Украина, погодувајќи куќи, училиште и општински центар, а во последните 24 часа најмалку двајца цивили загинаа, а 15 други се ранети во руските напади низ земјата, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руското Министерство за одбрана информираше дека нападите врз селото Биленка имале легитимна воена цел и дека „се уништени магацини за муниција за оружје испорачано од САД и европските земји“. Како што пренесе Бета, руските сили истрелале седум крстосувачки ракети „Калибр“ во регионот на Одеса. Претседателот на регионалната влада на Одеса, Сергеј Брачук, ги оспори тврдењата на Москва и објави дека шест лица се ранети.
