Русите ги чека живот со дефицит
Економистите од американската банка Морган стенли предвидуваат влошена економска ситуација во Русија во текот на наредните неколку години, пропратена со постојан раст на увозот и слабеење на рубљата.
Експертите од Моргна стенли тврдат дека руското стопанство веќе до крајот на 2016 година го чека „нова реалност“, во облик на значително намалување на суфицитот на тековниот биланс и се полошата положба на рубљата према водечките светски валути, и покрај и понатаму високите цени на нафтата.
Доколку се оствари планот на руската влада, на основа на кој во средорочниот период би требало да се издвојат значителни средства за купување на современа опрема и технологија, увозот и поради тоа ќе биде во силен пораст, па Русија ќе мора да се навикне на живот со дефицит, истакнуваат аналитичарите од Морган стенли.
Централната банка на Русија предвидува, во најновата прогноза, дека земјата ќе се соочи со дефицит во тековните плаќања наредните три години, додека според Морган стенли, таквата промена треба да се очекува порано.
Слично
