Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите гаѓаа училиште во Луганск, загинаа 60 цивили, потврди Зеленски

Русите гаѓаа училиште во Луганск, загинаа 60 цивили, потврди Зеленски

60 цивили загинаа при руски напад на училиште во Украина. 

Информацијата ја потврди претседателот Володимир Зеленски. Во тоа училиште се засолниле 90 луѓе.

„Во рускиот напад на Билохоривка во областа Луганск загинаа околу 60 луѓе, цивили што во училиштето се криеле од гранати“, изјави Зеленски. 

Украина објави дека руските војници запленуваат документи за да го принудат локалното население да учествува на церемонијата на прославата на Денот на победата. Ова се случувало во Запорожје. Русија распоредила околу 19 тактички групи во Белгород, веднаш до границата. Се проценува дека има околу 15.200 војници со тенкови, ракетни батерии и друго оружје. 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека е „згрозен“ од бомбардирањето на училиштето и побара цивилите да бидат поштедени. Косовскиот премиер Албин Курти го осуди завчерашниот напад на руските сили врз училиште во селото Билогоривка во украинската област Луганск, во кој, според тамошни извори, загинаа над 60 цивили, јави дописникот на МИА од Приштина. Тој рече дека се солидаризираат со Украина.  Ракетни напади денеска имало во Киев и Одеса.  Војната почна на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина. 

Слично

Поврзани вести