РУСИТЕ ГАЃАА ПОШТА ВО ХАРКОВ: Има најмалку шест жртви
Руска ракета ја погоди поштата во Харков, каде загинаа најмалку шест луѓе.
Уште14 се повредени кога руска ракета ја погоди поштата во вториот по големина град во Украина, Харков. Веста синоќа ја потврди гувернерот на Харковската област Олех Синегубов.
„Ова е исклучиво цивилен објект, Русите извршија уште еден терор врз цивилното население во регионот Харков“, напиша тој на Телеграм.
Веста на својот канал на Телеграм ја објави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Харковска област. Руска ракета го погоди терминалот Новаја Пошта. Тоа е обичен цивилен објект. За жал, има жртви. Мое сочувство до роднините и пријателите“, напиша Зеленски.
Претходно, во селото Хроза кај Харков имаше напад каде загинаа над 50 цивили во кафуле и продавница. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.foto EPA-EFE/ROMAN PILIPEY
Слично
