Русите добиле стотици борбени дронови, но не се задоволни
Во средината на месецот, Русија примила стотици квалитетни борбени дронови од Иран, јави „Вашингтон пост”, повикувајќи се на неименуван извор од американско надворешно разузнавање. Но, изворот на весникот навел дека Русите не се задоволни.
Беспилотните летала „Мохаџер-6″, „Шахед-6″ и „Шахед-191″ се опремени да носат муниција за напад на радари, артилерија и други цели.
Сепак, првичните тестови на овие дронови, наводно, покажале бројни технички недостатоци.
И Украина доби дронови од Британија и Норвешка. Беше нагласено дека се мали и ефикасни.Британија ќе ѝ даде подводни дронови на Украина.
Станува збор за шест подводни беспилотни летала кои ќе ѝ помогнат да го исчисти брегот од мини. Ова е со цел да се обезбеди побезбедна испорака на жито, пренесува „Ројтерс“.
Слично
