Русите благодарни на ЦИА!
Белата куќа на САД објави невообичаено соопштение според кое се тврди дека рускиот претседател Владимир Путин му се јавил на претседателот Трамп да му се заблагодари за спречениот голем терористички напад во Санкт Петербург кој бил навремено откриен со достава на разузнавачки информации од американските служби.
Терористите биле навремено уапсени и спречени да извршат напад, па така ниту еден руски живот не е загубен. Според соопштението Путин му се заблагодарува и на Мајк Помпео директорот на ЦИА како главна служба во обезбедувањето на информациите.
Во средата и четвртокот Руската федерална безбедносна служба ФСБ изведе повеќе акции и притоа уапси членови на терористичка келија кои се поврзани со ИСИС. Според двете страни САД и Русија треба да ја зголемат соработката во борбата со тероризмот која засега е единствена позитивна точка во меѓусебните односи.
